Дома Фудбал Драма во Купот на Шпанија: Пресврт, пет голови, тензија и трофеј за Барселона!

Драма во Купот на Шпанија: Пресврт, пет голови, тензија и трофеј за Барселона!

Фудбалерите на Барселона станаа освојувачи на Кралскиот Куп. Барселона во одличен меч, по продолженијата го победи Реал Мадрид со резултат 3:2 и дојде до трофејот. По 90 минути резултатот беше 2:2. Човекот на одлука во самиот крај на второто продолжение беше Кунде.

Сè видовме на овој натпревар – пресврти, голема борба, голови, неверојатен бес на Ридигер кој беше исклучен во продолжението. Играчите на Реал, предводени од Винисиус, лути фрлаа мраз врз судијата, запалија пиротехнички средства на трибините…

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Првото полувреме помина во знакот на Барселона. Изгледаше како тимот на Ханси Флик да го контролира сè. Каталонците беа офанзивно расположени, Реал често се бранеше со многу играчи. И тоа на крајот ѝ донесе предност на Барселона.

Ламин Јамал одлично ја врати топката пред казнениот простор, а Педри од прва ја удри силно и постигна фантастичен гол за 1:0.

Се затресе и мрежата на другата страна во 35. минута, но беше сосема јасно дека Џуд Белингем беше во офсајд.

Барселона можеше и до вториот гол, но во голема мешаница по корнерот Феран Торес погоди само статива.

Првото полувреме го обележа и повредата на Ферланд Менди, па Карло Анчелоти мораше да менува веќе во 11. минута.

Анчелоти менуваше и на полувремето. Наместо Родриго, кому му даде доверба од почетокот, на терен испрати Килијан Мбапе и Реал изгледаше како потполно друг тим.

Се редеа сериозни шанси пред голот на Барселона, а на крајот Мбапе баш тој донесе израмнување со перфектно изведен слободен удар од околу 18 метри пред голот во 70. минута.

А потоа во 77-та доаѓа награда за храбрите на Реал – Чуамени остана сам и ја искористи шансата да постигне гол за 2:1.

Во центар на вниманието во 81. минута се најде Тибо Куртоа кој фантастично го одбрани обидот на Јамал.

Но, ниту одбраната на Реал ниту Куртоа не можеа ништо во 84. минута. Ридигер и Куртоа не се разбираа, а Феран Торес го искористи тоа на најдобар можен начин и донесе израмнување за Барселона.

Барселона бараше пенал во петтата минута од продолжението по стартот на Ридигер врз Торес, но судијата знаеше дека нема ништо од тоа. Затоа, минута подоцна самоуверено покажа на белата точка кога во казнениот простор падна Рафинја по контакт со Асенсио.

Изгледаше дека Рафинја и претерано „лета“ по контактот и дека претходната ситуација повеќе е за најстрогата одлука (а судијата не отиде да го гледа снимакот), се чекаше реакција од ВАР собата, од Реал негодуваа (а каков вовед имаше во овој меч во петокот, сигурно ќе негодуваат и Барселона) и судијата на крајот го погледна снимакот. И ја промени одлуката – нема пенал, туку жолт картон за Рафинја за симулирање.

По неколку шанси, но по една добра, на двете страни во првото продолжение, но без промена на резултатот.

А потоа Кунде! Во 116. минута, два пати го спречи Реал да постигне гол. А потоа одлично реагираше и со прецизен удар од околу 18 метри од голот ја донесе предноста за Барселона!

Веќе во следниот напад Мбапе паѓа во казнениот простор. И втор пат на мечот судијата со движење на раката како да покажува на пенал, но потоа (и двата пати правилно) означува офсајд.

Фото: Barcelona FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

7 од 7: Убиствената серија на Ханзи Флик на финалината продолжува

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на финалето за Купот на Шпанија по драматичен натпр…