Популарниот „волшебник“, Роналдињо и еден од најдобрите фудбалери во историјата сега го промени мислењето.
Роналдињо долго време веруваше дека Нејмар би можел да биде неговиот наследник и да стане најдобар во светот, сепак сега тој има нова идеја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, славниот Бразилец е импресиониран од Габриел Хесус.
„Мислам дека е по комплетен, има се, токму како Меси, како Кака или каков што бев јас некогаш“, зборуваше своевремено најдобриот фудбалер во светот.
Многумина веруваат дека овие зборови би можеле да бидат голем терет и притисок над младиот фудбалер кого идол му е токму Роналдињо.
„Не, во никој случај. Тоа се предрасуди, постојат фудбалери кои сакаат големи предизвици и кои знаат како да се носат со притисокот. Габриел Хесус е токму таков, погледнете го неговиот скор против големите тимови, кога постои притисок тој е тогаш дава најмногу. Тој е квалитетот кој како тинејџери го имавме ние, Кака, Роналдо, Нејмар… Хесус има огромен потенцијал“, изјави Роналдињо.