
Минесота поведе со 2:1 против Лос Анџелес Лејкерс во серијата од првиот круг на плејофот во НБА лигата. Фаворизираната екипа на Лејкерс ја победија на гости во првиот натпревар, а по изедначувањето на серијата сега победија и пред своите навивачи за нова предност. Натпреварот заврши 116:104. Во конференциското полуфинале ќе оди тимот кој ќе оствари четири победи.
Минесота до победа ги водеше Џејден Мекданиелс со 30 поени, што е рекорд на кариерата во натпреварите од плејофот, и Ентони Едвардс со 29 поени, осум скокови и осум асистенции.
Леброн најдобар стрелец и скокач на натпреварот
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Кај Лејкерс одличен беше 40-годишниот Леброн Џејмс. Со 38 поени беше најдобар стрелец на натпреварот, а со 10 фатени топки негов најдобар скокач. Од игра погоди 13/21, од што 5/9 за тројка и до крајот на играта ги држеше Лејкерс во игра. Поврза неколку тројки со кои не дозволи домаќинот да се одвои, но имаше и големо промашување нешто повеќе од минута и пол пред крајот на натпреварот.
LEBRON WITH A HUGE 3 IN CRUNCH TIME 🔥 pic.twitter.com/ENlnC7zZY3
— BricksCenter (@BricksCenter) April 26, 2025