Дома Фудбал Управата на Милан под два услови ќе го продолжи договорот со Јовиќ

Управата на Милан под два услови ќе го продолжи договорот со Јовиќ

Фудбалскиот клуб Милан сè уште има можност да го продолжи договорот со српскиот напаѓач Лука Јовиќ за уште една година, во зависност од два услови, објавија денеска италијанските медиуми.

Јовиќ синоќа постигна два гола во победата на Милан против градскиот ривал Интер со 3:0, во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија. Милан се пласираше во финалето, затоа што во првиот натпревар беше нерешено 1:1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јовиќ моментално постигнува гол на секои 106,5 минути игра и има најдобар однос на головите во минути споредено со другите напаѓачи на Милан, вклучувајќи ги Сантијаго Хименез, Тами Абрахам и Франческо Камарда.

Договорот на Јовиќ истекува на крајот од оваа сезона, а како што пренесе Калчомеркато, управата на миланскиот клуб сè уште има можност да го продолжи договорот за уште една година, при два услови.

Првиот услов е управата да назначи нов спортски директор кој би го одобрил продолжувањето на соработката со Јовиќ. Најсериозен кандидат за оваа позиција е Игли Таре, поранешен функционер на Лацио.

Вториот услов е Милан да ја искористи опцијата за продолжување на договорот пред крајот на втората недела од јули, кога ќе истече клаузулата во договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оливие Жиру се враќа во Франција

Оливие Жиру (38) ја заврши својата авантура во Лос Анџелес и се враќа во Европа, конкретно…