Дома Фудбал Де Брујне подготвува одмазда за Сити – го сакаат две екипи од Англија

Де Брујне подготвува одмазда за Сити – го сакаат две екипи од Англија

Кевин де Брујне летово го напушта Манчестер Сити бидејќи му истекува договорот, иако најмногу се поврзува со заминување во Соединетите Американски Држави, се појави информација дека искусниот Белгиец може да остане во англиската Премиер лига.

Де Брујне веќе десет години игра за Манчестер Сити и без дилема е еден од најдобрите и најзаслужните играчи поради кои англискиот клуб во претходните сезони успеа да освои речиси сè што можеше.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Затоа многумина се изненадени што на „Етихад“ одлучија толку лесно да го пуштат. Де Брујне неодамна потврди дека го напушта Манчестер Сити и дека нема да го продолжи договорот кој истекува на крајот од оваа сезона.

Јасно е дека по очајната сезона Пеп Гвардиола мора да направи промени во тимот, но многумина веруваат дека Де Брујне не го заслужи на таков начин да го напушти „Етихад“ по сè што му даде на клубот.

Белгиецот има само 33 години и јасно е дека се уште може да игра на високо ниво, и Манчестер Сити може да си го добие назад за тоа што се откажа на таков начин од својот капитен.

Имено, иако се шпекулира дека Де Брујне летово треба да игра во американската МЛС, медиумите во Англија говорат за тоа дека постои реална опција да остане во Англија.

Англиските медиуми објавија дека Де Брујне и следната сезона може да игра во Премиер лигата затоа што два клуба покажаа интерес да го доведат во своите редови.

Станува збор за Астон Вила и Челси, кои се подготвени да му понудат на Де Брујне двогодишен договор и се надеваат на позитивен одговор од Белгиецот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус сака договор како никој друг претходно – најголем во историјата на Реал Мадрид!

Винисиус Жуниор преговара со Реал Мадрид за продолжување на договорот, кој засега трае до …