Дома Фудбал Познат е првиот клуб учесник во главната фаза на Лига Европа за новата сезона

Познат е првиот клуб учесник во главната фаза на Лига Европа за новата сезона

За викендот, фудбалска Европа беше сведок на посебен момент кој се случи во Холандија, каде што екипата на Го Ахед Иглс, по 92 години пост, освои трофеј.

Во финалето на Купот на Холандија, по подобро изведување на пенали, го совладаа АЗ Алкмар и така освоија прв трофеј од Купот во историјата на клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Го Ахед Иглси имаат во своите витрини и четири шампионски титули на Холандија кои ги освоија далечните 1917., 1922., 1930. и 1933. година, а токму од 1933. година го чекаа првиот трофеј.

Така, тие ги прескокнуваат квалификациите бидејќи, поради коефициентот кој го има Холандија, освојувачот на Купот на оваа земја оди директно во групната фаза на Европската лига.

Го Ахед Иглси, исто така, минатата сезона играа во Европа, но веднаш беа застанати во второто претквалфикациско коло на Конференциската лига од норвешкиот Бран.

Фото: Го Ахед Иглси/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каиседо потпиша договор со Челси до 2033-та и изјави: Сакам да станам легенда

Челси официјално објави дека Мојсес Каиседо потпишал нов долгорочен договор со клубот. Дог…