Дома Фудбал Легендата посака трансфер на Де Брујн кој би направил потрес на Островот

Легендата посака трансфер на Де Брујн кој би направил потрес на Островот

По десет години во клубот, дојде време за разделба на Кевин де Брујне и Манчестер Сити.

Легендарниот офанзивен играч од средниот ред од Белгија на крајот од сезоната ќе се прости од клубот и навивачите, но призна дека бил шокиран бидејќи не следела понуда од Манчестер Сити за продолжување на соработката.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


“Изненаден сум, но го прифатив. Мислам дека можам уште да играм на високо ниво, но ми е јасно дека клубот мора да донесе важни одлуки”, рече тој.

Каде продолжува?

“Отворен сум за се, но треба да ја разгледам вкупната ситуација. Да видам што има најмногу смисла за моето семејство и мене. Сè уште можам да играм на високо ниво”, рече тој.

МЛС и Саудиска Арабија најмногу се споменуваат во медиумите, а интересен разговор имаа Шеј Гивен, поранешниот голман на Њукасл и Рој Кин, легендата на Манчестер Јунајтед.

“Можеби не е на врвот, но може да оди во кој било клуб во Премиер лигата и да биде закана за Манчестер Сити”, рече Шеј Гивен, кога го прекина Кин:

“Јунајтед? Тогаш не би морал да ја продава куќата”, рече Кин.

Се чини дека секој навивач на Манчестер Јунајтед би го посакал тоа…

Фото: Manchester City/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ се сели во Лондон

Тимот на Арсенал е во потрага по напаѓач од висок калибар, а главната цел на тренерот Мике…