Дома Останати Кошарка ВИДЕО Лејкерс изедначи против Минесота. Одличниот Дончиќ на праг на трипл-дабл

ВИДЕО Лејкерс изедначи против Минесота. Одличниот Дончиќ на праг на трипл-дабл

ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС пред своите навивачи ја победија Минесота Тимбервулвс со 94:85 и изедначија на 1:1 во плејоф серијата од НБА, којашто се игра до четири победи. Првото име на натпреварот беше Лука Дончиќ, за кого ова беше второ појавување за Лејкерс во завршницата по поразот од Минесота во првото.

Словенскиот кошаркар имаше 31 поен, 12 скокови и 9 асистенции, така што беше на раб на трипл-дабл резултат. Како и во првиот натпревар, го следеше Леброн Џејмс со 21 поен, 11 скокови и 7 асистенции.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Лејкерс само на почетокот на натпреварот заостануваа зад противниците. Минесота имаше 0:2 и 2:4, по што домаќините започнаа доминација. Првата четвртина ја завршија со +19 и ја одржуваа предноста до последната делница, во која Минесота се приближи на девет поени.

Серијата помеѓу Лејкерс и Тимбервулвс се сели во Минесота, каде што ќе бидат одиграни двa натпревари. Првиот е во ноќта помеѓу петок и сабота според наше време.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легендарниот Милош Теодосиќ со емотивно писмо се збогуваше од кошарката

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ денеска соопшти дека ја заврши својата извонре…