Дома Фудбал Олмо погоди за победа. Барселона отиде на +7 од Реал (ВИДЕО)

Олмо погоди за победа. Барселона отиде на +7 од Реал (ВИДЕО)

Барселона ја продолжи својата битка за титулата со тесна, но значајна победа од 1-0 против Мајорка, триумф што им овозможи привремено да се „одлепат“ на седум бодови предност пред Реал Мадрид, кој допрва треба да го одигра својот меч против Гетафе во рамки на 33. коло од Ла Лига.

Каталонците беа далеку подобар ривал на теренот и напаѓаа од самиот старт, создаваа прилики, но на голот на Мајорка беше феноменалниот Лео Роман, кој со своите 13 интервенции постави нов рекорд во сезоната по број на одбрани на еден натпревар сезонава во Ла Лига.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Сепак, гостинскиот голман капитулираше уште во првата минута, кога Дани Олмо ја круниса одличната акција на домаќините и асистенцијата од Ерик Гарсија со прецизен удар за единствениот погодок на натпреварот.

Иако минимален, триумфот е повеќе од важен за Барса, која со него го зголемува притисокот врз „кралскиот клуб“ во финишот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можни се три нови правила во нокаут фазата на Лигата на шампиони?

Лигата на шампиони е најсилното светско клупско фудбалско натпреварување. Европската фудба…