Дома Фудбал „Тутоспорт“: Јувентус е блиску до конечна одлука за Тудор

„Тутоспорт“: Јувентус е блиску до конечна одлука за Тудор

Игор Тудор го презеде Јувентус во март 2025 година наследувајќи го Тиаго Мота по серија лоши резултати и незадоволителна атмосфера во соблекувалната. Неговото доаѓање веднаш донесе позитивен промена. Во првите три натпревари под негово водство Јувентус освои седум од можни девет бода, вклучувајќи ги победите против Каљари и Лече и ремито со Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тудор е познат по неговата способност брзо да ја подигне екипата и да внесе нова енергија, што беше клучно за Јувентус во битката за пласман во Лигата на шампионите. Управата на клубот изразува исклучителна почит кон неговите идеи и пристапот кон работата, а соработката со Џунтоли, спортскиот директор, е оценета како исклучително складна.

Токму поради овој позитивен впечаток и резултати, Јувентус сериозно размислува за можноста Тудор да остане тренер и во сезоната 2025/2026, особено ако се обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што автоматски го продолжува неговиот договор, пишува Тутоспорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де ла Фуенте: Чувар за Меси? Ни даде четири гола за 22 минути

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте се потсети на натпреварот кој се …