Дома Фудбал Два поранешни премиерлигаши се враќаат во највисокиот ранг на англискиот фудбал

Два поранешни премиерлигаши се враќаат во највисокиот ранг на англискиот фудбал

Бaрнли во понеделникот го победи Шефилд Јунајтед со 2-1 и си обезбеди промоција во Премиер лигата, а тој резултат го испрати и Лидс Јунајтед во повисокиот ранг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лидс претходно го совлада Стоук Сити со 6-0 и се искачи на врвот на Чемпионшипот со 94 поени со два преостанати натпревари и им беше потребно Бaрнли да не изгуби од треторангираниот Шефилд Јунајтед за да биде сигурен дека ќе заврши меѓу првите два.

Бaрнли со победата се изедначи на 94 поени, што претставува недостижна предност за Шефилд Јунајтед со 86 поени, кој сега останува само со разигрување.

Бaрнли така брзо се врати по само една година, а Лидс последен пат беше во елитното друштво во 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка го објави списокот за Мундијалот, ова е репрезентација која не смее да се потцени!

Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација Стале Солбакен го објави списокот од 26 …