Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека против Црвена Звезда ќе продолжи со ротацијата на играчи и дека шанса, како и во Белград, ќе добијат, Волкот, Вилшер и Жиру.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нема причина да менуваме, обата тима играат добро, дури и на тренингот кога играат едни против други е цврсто. Зодоволен сум од нашите настапи во сите натпреварувања. Така што, против Звезда ќе ги нема Санчез, Лаказет и Озил, но тука се Волкот, Вилшер и Жиру. Сите играчи заслужуваат да играат, конкуренцијата е добра и одиме на победа која би ни го обезбедила вториот круг“, истакна Венгер на конференцијата за медиумите во Лондон.
Против Звезда нема да игра ниту Колашинац, за кого Венгер смета дека ќе биде подготвен против Манчестер Сити следниот викенд, а шанса би можеле да добијат Оспина и Чемберс.