Дома Фудбал Шпански медиуми го критикуваат Анчелоти: Премногу често го изоставува Модриќ од стартниот состав

Шпански медиуми го критикуваат Анчелоти: Премногу често го изоставува Модриќ од стартниот состав

Насловните страници на шпанските, односно мадридските спортски портали и весници, се резервирани за херојот на тешко извојуваната победа над Атлетик – Федерико Валверде, кој со гол во последниот момент ја одржа мечтата за титулата жива.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, шпанските експерти го пофалија и капитенот на Кралевите Лука МодриќКарло Анчелоти го постави хрватскиот играч за врска на теренот од првата минута, па го замени во 78. минута со Арда Гулер, а тој му возврати со својата стандардно сигурна игра.

„Марка“ во својата анализа на натпреварот истакнала дека тимот на Реал обично игра подобро кога играта ја води хрватската ‘десетка’.

„Најдобрите минути на Реал Мадрид оваа сезона често се поклопуваат со присуството на Лука на теренот. Во тим кој понекогаш нема вистинска фудбалска игра, редовното изоставување на Хрватот е луксуз кој Анчелоти не треба да си го дозволи“, пишува медиумот.

Фотографија: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

БИЛД: Четири германски ѕвезди одбиле да изведат пенал

ГЕРМАНИЈА беше елиминирана од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Натпревар…