Дома Фудбал Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Валверде во третата минута од судиското продолжение го победи Атлетик Билбао со 1:0.

Натпреварот од 32-то коло на шпанското првенство го следеше и Новак Ѓоковиќ од трибините на Сантјаго Бернабеу.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најдобриот тенисер на сите времиња беше таму во друштво на пријатели и дел од семејството, а камерите ја снимија нивната реакција на спектакуларниот гол на Валверде кој на Реал му донесе три бода. Ас сето тоа го опишува како едно од најдобрите видеа на годината. Снимката можеш да ја видиш ТУКА.

Натпреварот се реши во судиското продолжение откако одбраната на Атлетик не успеа да ја исчисти опасноста покрај голот. Валверде стрелаше за победа за Реал да остане на -4 во однос на водечката Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен навивачот кој погоди судија на натпреварот меѓу Сент Етјен и Лион (Видео)

Францускиот прволигаш Сент Етјен официјално објави дека француската полиција го уапсила ма…