Дома Фудбал Шок за Барселона: Се повреди Левандовски!

Шок за Барселона: Се повреди Левандовски!

Барселона може да плати скапо за вчерашната голема победа против Селта со резултат 4:3 во 32. коло на шпанската Ла Лига.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Каталонците губеа со 1:3 до 64. минута, во 68. минута веќе беше 3:3, а славеа со голот на Рафиња од пенал во 98. минута. Сепак, одлуката на тренерот Ханси Флик да го извади главниот напаѓач Роберт Левандовски во 70. минута веднаш изгледаше сомнителна, а сега од Шпанија пристигнуваат прогнози кои се катастрофални за екипата што сака да ги освои сите три трофеи на крајот од сезоната.

Според информациите на весникот “As”, во Барселона постои сериозен страв дека кај Полјакот станува збор за повреда на задниот мускул, потенцијално и кидање на мускулот, што би значело пауза од најмалку три седмици.

Доколку овие информации се потврдат, тогаш Левандовски ќе го пропушти финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид, кое се игра во Севиља на 26 април. Исто така, во тој случај би го пропуштил и полуфиналниот двомеч на Лигата на шампионите против Интер (30 април и 6 мај).

Левандовски (36) игра одлично оваа сезона, а на 31 лигашки натпревар постигна 25 голови.

Барса е лидер на Ла Лига со 73 бода и е на +7 во однос на Реал Мадрид, кој вечерва го дочекува Атлетик Билбао.

Фото: Barcelona FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок скандал во Премиер лигата: Ќе треба да загубат за да играат во Лигата на шампионите?!

Борнмут со убедливата победа од 3:0 против Кристал Палас ја презеде водечката позиција во …