
Капитенот на Ливерпул Вирџил ван Дајк денес официјално го продолжи договорот со англискиот гигант до 2027 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Долго време се шпекулираше дали лидерот на тимот од “Енфилд” ќе остане верен на “црвените” по седум и пол години поминати во Ливерпул, а на крајот сè заврши на взаемно задоволство и воодушевување на навивачите.
Ван Дајк пристигна во Ливерпул од Саутемптон во 2018 година и со овој тим стана европски шампион и освојувач на англиската Премиер лига.
Холанѓанецот има одиграно над 200 прволигашки натпревари за Ливерпул и 33-годишникот веќе сега има статус на легенда на клубот.
Virgil van Dijk has today signed a new contract with the Reds to extend his time with the club beyond the 2024-25 season 🙌😀
— Liverpool FC (@LFC) April 17, 2025
Фото: Liverpool FC