Дома Фудбал Погина бившиот соиграч на Гелор Канга: Еве на кого се се сомневаат, истрагата е во тек

Погина бившиот соиграч на Гелор Канга: Еве на кого се се сомневаат, истрагата е во тек

Габонскиот фудбалер Арон Бупендза (28) загина откако паднал од 11-тиот кат на станбена зграда. Бупендза оваа сезона потпиша за кинески Џеџанг, каде што одигра шест натпревари во досегашниот дел од сезоната, постигна четири гола и забележа две асистенции. Истрагата сè уште е во тек.

Постојат сомневања за самоубиство, но и за несреќен пад, како и за конфликт со неговиот брат – кој бил со него во моментот на инцидентот. За репрезентацијата на Габон играше до 2023 година и беше соиграч на Гелор Канга, фудбалерот на Црвена звезда. Во текот на кариерата настапуваше и за Бордо, По, Ајачио, Тур, Хатајспор, Ал-Араби, Ал-Шабаб, Синсинати, Рапид Букурешт.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За селекцијата на Гана забележа 35 настапи и постигна осум гола, а во 2023 година реши да се повлече од дресот со националниот грб. Властите од Габон веднаш се јавија и се чекаат резултатите од истрагата.

Фото: MLS
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суарез нема долго ниту да каса, ниту да плука: Уругваецот доби голема суспензија

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, доби дополнителна казна од три меча суспензија во …