Пеп Гвардиола бил првиот избор на претседателот на Реал Мадрид, Флорентио Перез кога тој решил да му врачи отказ на тогашниот тренер Рафа Бенитез, тврди пријателот на Гвардиола Марти Перарнауи.
Реал, пред нешто помалку од една година беше во криза, резултатите беа под очекувањата и амбициите на „кралскиот“ клуб, кој не импресионираше ниту со играта. Цехот го плати Рафа Бенитез, а клубот веднаш го назначи Зинедин Зидан за тренер, кој подоцна ја освои Лигата на шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак Зидан не бил првиот избор на претседателот на Реал, Флорентино Перез, туку тој испратил понуда до Пеп Гвардиола, кој тогаш седеше на клупата на минхенски Баерн, тврди пријателот на поранешниот тренер на Барселона, Марти Перарнауи.
Неколку месеци по назначувањето на Зидан за тренер на Реал, Пеп Гвардиола објави дека по Баерн ќе биде тренер на Манчестер Сити.