
Познат коментатор од Франција се сети на една грешка од пред скоро 20 години.
Без разлика што не постигнува резултати на кои ги навикна своите навивачи, Новак Ѓoковиќ е сè уште личност која со себе носи популарност и донесува читаност.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Марк Мори, француски коментатор и водител, познат по оригиналните јавувања од Ролан Гарос, се присети на една анегдота со Новак Ѓokовиќ, од почетокот на кариерата на српскиот тенисер.
„Работев на турнирот во Марсеј во 2007 година и Новак требаше да го игра својот меч од првото коло. Не се сеќавам на причината, но грешно го најавив како тенисер од Хрватска наместо Србија“, рече Марк Мори во гостување на ТВ каналот „Еуроспорт“ и продолжи:
„Не беше среќен и веднаш се исправив. Беше понеделник, немаше многу луѓе на трибините и таа моја грешка не предизвика контроверзија, ниту големо внимание од медиумите. Неговиот татко не беше таму, но стрико му добро ме искара. Потоа отидов кај Ноле со шише шампањ и брзо го исправивме недоразбирањето. Дури и ми се заблагодари за убавиот подарок“.
Фото: Принтскрин