Дома Фудбал Откриено зошто Хау е во болница – ќе ги пропушти и следните два меча на Њукасл

Откриено зошто Хау е во болница – ќе ги пропушти и следните два меча на Њукасл

Менаџерот на Њукасл Еди Хау беше примен во болница во петок вечер, откако „се чувствувал лошо со денови“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот тогаш не го прецизираше причинителот поради кој тренерот беше задржан во болница, но сега е откриено дека станува збор за воспаление на белите дробови и дека поради опоравување Хау нема да го води тимот на следниве два натпревара. Екипата без него ќе биде во среда против Кристал Палас и во сабота против Астон Вила.

Во негово отсуство, во неделата Њукасл од клупата ги водеше Џејсон Тиндал и Греем Џоунс против Манчестер јунајтед, а таму црно-белите победија со уверливи 4:1.

Њукасл до крајот на сезоната има уште седум натпревари во Премиер лигата и го очекува голема битка за пласман во Лигата на шампионите.

Њукасл моментално е четврти со 56 бода, третопласираниот Нотингем Форест има бод повеќе, додека петопласиран Манчестер Сити има бод помалку. Шестиот Челси и седмата Астон Вила заостануваат два бода.

Фото: Newcastle/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА сака да почне алтернативно Светско првенство: Еве како би изгледал „мини Мундијал“

Според пишувањето на британскиот „The Times“, УЕФА заедно со КОНКАКАФ и Азиската фудбалска…