Дома Фудбал Не било до Онана: Њукасл го наполни голот на Манчестер јунајтед (Видео)

Не било до Онана: Њукасл го наполни голот на Манчестер јунајтед (Видео)

На гостувањето кај Њукасл, Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз со 4-1, и тоа без својот прв голман Андре Онана, кој беше изоставен од тимот поради серија на неодлучни и несигурни настапи во последно време. Шанса за настап доби Алтај Бајиндир, кој дебитираше во Премиер лигата, но не успеа да се прослави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќините први го најдоа патот до мрежата – Сандро Тонали го отвори резултатот во 24. минута, носејќи рана предност за Њукасл. Само тринаесет минути подоцна, младиот Алехандро Гарначо го изедначи резултатот на 1-1, што воедно беше и резултатот со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме, сцената му припадна на Харви Барнс, кој прво во 49. минута му донесе нова предност на Њукасл, а потоа во 64. минута со прецизен и убав удар го зголеми водството на 3-1.

Последниот удар за гостите го зададе Бруно Гимараеш, кој во 77. минута го постави конечниот резултат од 4-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Баркола, ПСЖ веднаш побара уште 50 милиони

Ливерпул го направи првиот конкретен чекор во обид да го донесе Бредли Баркола. Англискиот…