Дома Фудбал Вардар се спаси од пораз против Тиквеш, Работнички загуби и од Струга

Вардар се спаси од пораз против Тиквеш, Работнички загуби и од Струга

Фудбалерите на Струга се вратија во битката за третото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска на Градскиот стадион во Скопје забележаа минимална, но значајна победа од 1-0 против Работнички.

Со овој триумф, актуелниот шампион практично ги елиминираше „романтичарите“ од трката за шампионската титула. Работнички сега заостанува 10 бодa зад лидерот Шкендија, на само шест кола до крајот на сезоната. Единствениот гол на натпреварот го постигна Укпа во 54. минута, со што Струга стигна до 45 освоени бодови и останува конкурент за излез во Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Возбудувањата продолжија и на дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш, кој заврши без победник – 2:2, но со многу емоции и драматични моменти. Гостите од Кавадарци двапати водеа и беа на чекор од триумф, но Вардар успеа да се спаси со гол во последните моменти од натпреварот.

Тиквеш поведе преку Садик во 41. минута, а Закариќ израмни пред паузата. Гостите повторно дојдоа до водство со голот на Мишов, но во последните секунди Сенгор успеа да израмни и да обезбеди бод за Вардар.

Останати резултати:

Гостивар – Шкупи 3-1
Пелистер – АП Брера 1-2
Шкендија – Воска 4-0
Силекс – Беса 5-0

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Летниот трансфер период во Европа што го оставивме зад нас беше доста интересен, и на тран…