
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше полн со импресии од изведбата на Кевин Де Брајне (33).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лидерот на екипата одигра една од најдобрите натпревари на сезоната, постигна гол од слободен удар, забележа асистенција, погоди и статива, сето тоа во победата над Палас по пресвртот – од 0:2 до 5:2.
„Никој не може да го прави тоа што го прави Де Брајне. Ова беше еден од оние натпревари што Де Брајне ги прикажуваше многу пати, многу години наназад. За жал, во последните 18 месеци не ги прикажуваше многу пати затоа што беше повреден, имаше операција, но денес беше одличен. Огромна е благодарноста што му ја должам“, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот.
Було: Manchester City/FB