
Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе ја има тешката задача во Битола да го анулира заостанувањето од четири гола против селекцијата на Полска, во рамки на реванш-дуелот од квалификациите. Првиот натпревар, одигран на гостински терен, заврши со резултат 22-18 во корист на Полјаците.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот Кристијан Грчевски изврши една измена во составот пред клучната средба. Поради повреда на Ивана Арсениевска, тимот ќе добие ново засилување во ликот на Емилијана Ризоска – млада, но веќе докажана ракометарка од Битола, која со својата флексибилност може да одговори на неколку позиции во тимот.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра денеска од 19.00 часот.

Фото: РФМ