Дома Фудбал Останато Лацио доживеа неочекуван пораз во Норвешка

Лацио доживеа неочекуван пораз во Норвешка

Италијанскиот прволигаш Лацио доживеа неочекуван пораз на гостувањето во Норвешка, каде што беше совладан од Бодо/Глимт со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на Лига Европа.

Иако на хартија важеше за фаворит, тимот од Рим не успеа да ја оправда улогата и се соочи со организиран и мотивиран противник. Домашната екипа одигра дисциплинирано и искористи две шанси во второто полувреме за да стигне до значајна победа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Херој на вечерта беше Улрик Салтнес, кој двапати ја матираше одбраната на Лацио. Првиот погодок го постигна веднаш по почетокот на вториот дел, во 47. минута, а вториот – за конечни 2-0 – следеше во 69. минута, со што ја потврди предноста на Бодо пред реваншот во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Двојник на Серхио Рамос на натпреварот на Барселона: Сите без зборови поради еден човек (Фото)

Друштвените мрежи беа преплавени по натпреварот Гвадалахара – Барселона со фотографи…