
Немања Матиќ ќе биде во центарот на вниманието пред претстојниот дуел помеѓу Лион и Манчестер Јунајтед во борбата за полуфиналето на Лига Европа.
Тој на денешната конференција за медиуми му одговори на Андреј Онана, кој изјавил дека „Јунајтед е многу подобар тим на хартија од Лион“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Следеше брутален одговор од поранешниот ас на Јунајтед…
„Не знам, ако кажете такво нешто, морате да имате поддршка да стоите зад тие зборови“, започна Матиќ, а потоа уште еднаш запрепастено праша како да провери кој е во прашање:
„Онана? Знаете, го почитувам секого, но ако кажете такво нешто, тогаш сакате одговор, а ако сте еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед, тогаш морате да внимавате што зборувате. Да го кажале тоа Давид Де Хеа, Петер Шмајхел или Ван дер Сар, тогаш би се запрашал, но бидејќи го кажал еден од статистички најлошите голмани во модерната историја на клубот, треба прво нешто да покаже на теренот. Ќе видиме утре“, рече Матиќ.
Нема дилема, во Лион ќе прсне во четврток од 21:00 часот.
Погледнете како сè изгледаше…
. Фото: ПринтскринНемања Матиќ штотуку ИСЕЧЕ Андреј Онана во одговорот до @SimonPeach 👀
— Nathan Salt (@NathSalt1) April 9, 2025
“Кога си еден од најлошите голмани во историјата на Ман Јунајтед, треба да внимаваш што зборуваш” #mufc pic.twitter.com/lsK5TKSyGc