
Фудбалерите на Реал Мадрид загубија во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал со резултат 3:0.
Второпласираниот тим во англиското првенство ги совлада бранителите на титулата со голови на Деклан Рајс, кој постигна два гола од слободни удари, и голот на Микел Мерино.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тренерот на Реал Карло Анчелоти во кратко интервју за Мовистар ги коментираше шансите за пресврт.
„Многу пати сме правеле пресврти и сега тоа мора повторно да го направиме. Комплицирано е, но мораме да се обидеме од првата до последната минута. Еден час тимот беше добар, а потоа скапо ги плативме нивните два гола од прекини. Ментално не бевме добри на крајот од натпреварот“, рече и додаде:
„Ова е тежок пораз. Особено заради она што не успеавме да го направиме во второто полувреме. И затоа што во првото полувреме игравме прилично добро.
Тимот ментално падна и не можеше да реагира. До тогаш имаше рамнотежа. Имаше интензитет. Сега мораме да работиме, да се жртвуваме.“