Дома Фудбал На повидок изненадување: Манчини се враќа во Италија во нова улога?!

На повидок изненадување: Манчини се враќа во Италија во нова улога?!

Доскоро селекторот на Саудиска Арабија и поранешен селектор на Италија, Роберто Манчини, потполно неочекувано ја презеде новата задача.

Тој наводно одлучил по 28 години да се врати во паднатата Сампдорија, чија е играчка легенда, и да ја преземе функцијата спортски директор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ситуацијата во клубот од Џенова е никогаш полоша и Манчини доаѓа да проба да биде спасител. Долгот е 175.000.000 евра, а на тимот првпат во историјата му се заканува испаѓање во Серија Ц.

Сампдорија со големи напори доби лиценца да се натпреварува, а во еден момент ѝ се закануваше ликвидација поради големи долгови кон поранешни играчи и тренери.

Освен на позицијата спортски директор, ќе има промени и на местото тренер, каде што сега ќе биде Алберико Евани, член на легендарната генерација на Милан.

Манчини како играч беше дел од таа легендарна генерација на Сампдорија, која ја тренираше Вујадин Бошков. Тогаш Сампдорија го освои Скудето во 1991 година, а една година подоцна преку Црвена Ѕвезда стигна до финалето на Лигата на шампионите, во кое загуби од Барселона со 1:0.

Како тренер, Манчини беше шампион на Италија со Јувентус и на Англија со Манчестер Сити. Во 2021 година ја одведе Италија на врвот на Европа.

Фото: Saudi Arabian Football Federation/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…