
Тренерот на Галатасарај Окан Бурук првпат проговори за големиот инцидент кој го одбележа дербито во Истанбул против Фенербахче.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на Фенер, Жозе Моурињо, го фати за нос по завршниот судиски сигнал, по што тој падна на теренот.
Сега откри што се случувало и што претходело на инцидентот на крајот од натпреварот.
“Им реков на судиите дека судеа многу добро и тоа на турски и англиски. Тоа не го направив само затоа што го видов Моурињо како разговара со судиите, туку сакав да им честитам за добро отсудениот натпревар и тоа го направив. Не реков да не го слушаат Моурињо, туку само дека одлично си ја завршија работата, и тоа на турски и англиски,” рече Окан и потоа објасни големото славје пред Португалецот.
“Го победивме нашиот најголем ривал на нивниот терен. Се бориме за важен трофеј. Среќен сум и нема да прашувам никого како да ја прославам победата. Немав намера да го провоцирам Моурињо, само што бев среќен. Исто така, помошниот тренер на Фенербахче нè навредуваше и провоцираше за време на натпреварот,” додаде тој.
Објасни дека не сакал да прави голема работа околу инцидентот и не сакал да поднесе кривична пријава против Моуринјо.
Фото: Пртинскрин