Дома Останати Ивановски беше одличен во Белград – го освои четврто место на полумаратонот

Ивановски беше одличен во Белград – го освои четврто место на полумаратонот

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари забележителен настап на полумаратонот што викендов се одржа во Белград, пласирајќи се на одличното четврто место во силна меѓународна конкуренција.

Тој ја помина трасата долга 21,1 километар за време од 1 час, 7 минути и 22 секунди, при што покажа стабилно темпо и исклучителна физичка подготвеност.

Првото место го освои Муалуко Михаел од Кенија, кој и оваа година ја потврди доминацијата на кенијските тркачи во полумаратоните. Втор и трет финишираа браќата Гемеда, кои доаѓаат од Етиопија.

Фото: Атлетска федерација на Македонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Милевска меѓу најдобрите поентерки, ЧСМ ја запиша првата лигашка победа

Андротеа Милевска се врати по повредата со успешен првенствен настап за ЧСМ Букурешт. Маке…