Дома Фудбал Интер многу блиску до доведување на големо засилување

Интер многу блиску до доведување на големо засилување

Фудбалерите на Интер имаат успешна сезона на сите полиња.

Тие се лидери во Серија А и се на добар пат да го одбранат Скудетото, стигнаа до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што ги очекува двомечот против Баерн, а во Купот на Италија, во првиот натпревар од полуфиналето, ремизираа со Милан како гости резултатот 1:1.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, клубот не седи со скрстени раце и не се задоволува со тимот што го имаат на располагање, туку во голем обем работат на засилувања за следната сезона.

Интер сериозно е заинтересиран за офанзивниот средишен играч на Марсеј Луис Енрике и сака да го доведе веднаш штом почне трансфер периодот, за овој Бразилец да може да игра во „црно-сините“ веќе на Светското првенство за клубови.

Директорот на Марсеј Мехди Бенатја беше завчера на „Сан Сиро“ и во живо го гледаше градското дерби на Милан во полуфиналето на Купот на Италија, а причината за неговото присуство е токму да преговара за продажба на Енрике.

Интер го вреднува Бразилецот на околу 25 милиони евра, Марсеј бара десетина милиони повеќе, но италијанските медиуми истакнуваат дека двете страни се расположени за договор.

Енрике има 23 години, а член на Марсеј е од 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер сити пронајде замена за Де Брујн: Ќе плати над 100 милиони евра!

Манчестер Сити влегува во период на значителни кадровски промени. Клубот од Етихад активно…