Дома Фудбал Анчелоти имал порака до Модриќ: Не смеевме да го изгубиме овој меч

Анчелоти имал порака до Модриќ: Не смеевме да го изгубиме овој меч

Реал Мадрид направи голем чекор назад во походот за одбрана на титулата откако на Бернабеу загуби со 2:1 од Валенсија. Карло Анчелоти по натпреварот разговараше со Лука Модриќ и му објасни како стојат работите.

Познато е дека Италијанецот има посебно мислење за Хрватот, еднаш отворено изјави дека сè што Модриќ прави е со право. Тоа беше по расправата со Винициус по натпреварот со Леганес.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Не е чудно зошто трофејниот стратег го избра токму Хрватот, за да му објасни како стојат работите и дека поразот од Валенсија беше недозволив.

„Ла Лига е многу покомплицирана, не смеевме да дозволиме да го изгубиме овој натпревар“, наводно Анчелоти му рекол на искусниот играч за врска, пренесува „Дефенса Сентрал“.

Фото: Real Madrid CF/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светот воодушевен од головите на Рајс, но не и Снајдер: “Тоа е екстремно лесно…”

Додека целиот фудбалски свет е воодушевен од головите на Деклан Рајс од слободни удари, из…