Дома Останати Тенис Матс Виландер: Алкараз ќе има кариера како Андре Агаси

Матс Виландер: Алкараз ќе има кариера како Андре Агаси

Карлос Алкараз пред три години стана најмлад прв носител во историјата, но веќе извесно време е на третата позиција.

Шпанскиот тенисер има многу бодови за одбрана во наредните месеци бидејќи ги брани титулите во Париз и Лондон, па може дополнително да падне на светската ранг-листа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Матс Виландер, еден од најдобрите тенисери во 1980-тите со седум Грен слем трофеи, вели дека популарниот Карлитос ќе мора да се навикне на таков ритам бидејќи ќе има многу осцилации во неговата кариера, и нема да биде константен како големата тројка.

– Ќе има кариера како Андре Агаси. Ќе ги освои најголемите трофеи, а потоа ќе има падови, ќе има порази во првото коло. Ова особено му се случи на Агаси кога дојде во Европа на турнири на земјена подлога. Би имал низа неуспеси, а потоа би се вратил на бетонот во САД, би победил и би бил број 1. Верувам дека и Карлос ќе има слична кариера. Ќе прави чуда и тоа ќе му помогне да победи, па ќе прави чуда и нема да победи – рече Виландер.

Виландер вели и дека секој пораз од Алкараз е добар за другите тенисери. Агаси во својата кариера четири пати го освои Австралија опен, двапати УС Опен, а по еднаш Ролан Гарос и Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатна грешка на Медведев го круниса Синер за шампион на Индијан Велс

ЈАНИК СИНЕР триумфираше на Мастерс турнирот во Индијан Велс, победувајќи го во финалето Да…