Дома Фудбал За играч на натпреварот доби награда – четири пакети јајца (фото)

За играч на натпреварот доби награда – четири пакети јајца (фото)

Во првото коло на норвешката лига, Бодо Глинт го совлада Брине со 1-0, а голманот на Брине, Јан Де Бур, Холанѓанец, беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

Како признание, Јан де Бур доби четири пакети со јајца.

Наградата не е случајна. Клубот има намера да ги поддржува локалните земјоделци, а јајцата ги обезбедува компанија што и е спонзор на Брине.

Брине се наоѓа во норвешка област каде што земјоделството и сточарството се развиени. Фановите таму често извикуваат: „Ние сме фармери и горди сме на тоа!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…