Дома Фудбал Готово: Донесена конечна одлука за Феликс!

Готово: Донесена конечна одлука за Феликс!

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс (25) минатата зима пристигна во Милан како големо засилување, кое клубот го донесе на полугодишна позајмица за дури пет милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Малку е да се каже дека Феликс на Сан Сиро не ги исполни очекувањата на навивачите и раководството, кое сега донесе одлука за неговата судбина.

По осум натпревари одиграни во Серија А, на кои Феликс има само една асистенција, челниците на Милан одлучиле дека по летото нема ни да се обидат да го задржат Португалецот.

Така, Феликс летово ќе се врати веднаш во Лондон, каде што ќе се придружи на Сините со кои има договор дури до 2031 година.

Да потсетиме, Феликс е еден од најскапите фудбалери на сите времиња, бидејќи некогаш Атлетико Мадрид за неговиот трансфер од Бенфика плати неверојатни 130 милиони евра. Тоа беше во 2019 година, а оттогаш настапуваше за Chelsea, Барселона и Милан.

Феликс, значи, летово се враќа на Стамфорд Бриџ, а веќе е јасно дека во Chelsea не го сакаат и за него ќе побараат нов клуб каде што би го испратиле на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…