Дома Ракомет Охрид не запира: Пристигна и репрезентативец на Словенија од Бундеслигата!

Охрид не запира: Пристигна и репрезентативец на Словенија од Бундеслигата!

Продолжува амбициозниот проект на ГРК Охрид и по тренерот Борис Ројевиќ и десниот бек Предраг Вејин, клубот се засили и со репрезентативецот на Словенија, Тилен Стрмљљан.

Со Охрид Стрмљан потпиша договор на две сезони, па така се очекува да остане во клубот до 2027 година.

Во Македонија пристигнува од Бундеслигата каде што го носеше дресот на Хановер.

Низ кариерата претходно настапуваше уште за: Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар.

Зад себе има и одлични настапи со Целје во Лигата на шампионите каде што постигна 53 гола во сезоната 2022/2023.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…