Дарија Касаткина, моментално 12-та тенисерка на ВТА листата, сега и официјално повеќе не настапува под руското знаме, туку австралиското и објасни зошто на конференцијата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Што се случува, другари?“ започна Касаткина своето обраќање на конференцијата пред ВТА 500 турнирот во Чарлстон.
„Денес листите се ажурираа, и ова е мојот прв официјален ден како австралиска играчка. И искрено, се чувствувам… поинаку. Нема да лажам. Ова е емотивен момент за мене.“
Касаткина неодамна зборуваше за причините зошто ја донела оваа одлука.
Таа е во врска со девојката Наталија Забиако веќе речиси три години и наведе дека прогоните на ЛГБТ лицата од страна на руската влада биле клучен фактор во нејзината одлука.