Дома Фудбал Останато УФЦ-спектаклот во Мексико започна со брутален нокаут (Видео)

УФЦ-спектаклот во Мексико започна со брутален нокаут (Видео)

Американскиот борец Џамал Емерс ја демонстрираше својата сила и трпение во дуелот против Габриел Миранда, надминувајќи го со технички нокаут уште во првата рунда, на УФЦ настанот во Мексико.

Миранда од самиот почеток се обиде да ја наметне својата игра, повлекувајќи го Емерс во партер и барајќи прилика за „задушување“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, штом Американецот се ослободи од таа позиција и го натера Бразилецот да се врати во стоечка позиција, борбата тргна во една насока. Со директен удар од десната рака го испрати Миранда на под, а серија удари крај оградата го принуди судијата да ја прекине борбата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капитенот Никола Ѓорѓиев има нов клуб, ќе игра во Чешка!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од денеска и официја…