Дома Тенис Ѓоковиќ воодушевен од Меси: Мило ми е што ме гледаше во живо

Ѓоковиќ воодушевен од Меси: Мило ми е што ме гледаше во живо

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Мајами, откако во два сета го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6:2, 6:3.

Ѓоковиќ во финалето ќе се обиде да ја освои својата 100. титула.

Српскиот тенисер по победата изјави дека му е мило што Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во светот, го гледаше од трибините.

„Мило ми е, голема чест и задоволство е да играм пред него, мислам првпат во кариерата во живо. Благодарен сум му што беше овде, му се восхитувам, како и поголемиот дел од светот, низ целата кариера. Неверојатно е дека сè уште игра, сме исто поколение, убаво е што беше тука – изјави Ѓоковиќ, а потоа се осврна и на самиот меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…