Дома Фудбал Кои се плановите на Тиаго Мота после Јувентус?

Кои се плановите на Тиаго Мота после Јувентус?

Не помина ни една недела откако Тиаго Мота беше сменет од позицијата тренер во Јувентус, веќе се појавуваат информации дека нема долго да биде без работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè поинтензивни се шпекулациите кои го поврзуваат со Аталанта, но и со можно враќање во Франција.

Мота беше отпуштен од клупата на Јувентус во недела. Клубот ја објави веста официјално истиот ден, Мота и неговиот стручен штаб ги собраа работите од тренинг-центарот Континаса во понеделник, а неговиот наследник Игор Тудор го одржа првиот тренинг уште вечерта во понеделникот.

Иако веста за заминувањето на Мота е сè уште свежа, веќе кружат гласини кои го поврзуваат со нов ангажман во Серија А, како и неколку можности во странство. Тутоспорт наведува дека Мота е меѓу кандидатите за наследник на Џан Пјеро Гасперини во Аталанта”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е конечниот пласман на Мундијалот од 5. до 48. место

Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во својата завршница, синоќа завршија…