Како што претходно се најавуваше, по дебаклот од 4-1 во натпреварот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство, Доривал Жуниор е отпуштен од претседателствoто на Бразилската селекција.
„Фудбалската федерација на Бразил може да потврди дека Доривал Жуниор повеќе нема да ја предводи репрезентацијата. Му благодариме за неговата посветеност и му посакуваме успех во иднината“, гласи известувањето од федерацијата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сè уште не е одредено кој ќе го преземе раководството на „Кариоките“. Најголемата амбиција на федерацијата е да го ангажира Карло Анчелоти, но таа задача може да биде исклучително тешка.