Дома Фудбал Мерки на највисоко ниво: Србија нема да биде домаќин на Албанија во Белград?

Мерки на највисоко ниво: Србија нема да биде домаќин на Албанија во Белград?

Албанскиот новинар Арлинд Садику, познат на српските навивачи само како човекот кој ги провоцираше српските фудбалери на претходното Европско првенство, тврди дека дуелот меѓу Србија и Албанија нема да се игра во Белград.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Србија и Албанија, да потсетиме, се ривали во квалификационата група за пласман на Светското првенство 2026, во која Англија е изразен фаворит.

Првиот меч Албанија и Србија го играат на 7 јуни во Тирана, додека Србија ќе го возврати домаќинството во октомври – во Белград.

Сепак, Садику тврди дека тоа нема да биде српската престолнина, туку ќе биде променета средината и стадионот ќе биде со помал капацитет од Маракана поради безбедносни причини.

“Натпреварот Србија – Албанија нема да се игра во Белград. Во моментов, Нови Сад е опција. Не се очекува присуство на албански навивачи поради безбедносни причини. Исто така, во Тирана нема да има навивачи од Србија кои се казнети,” изјавил Арлинд Садику, пренесе sportsport.ba.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…