Дома Фудбал На легендарниот Гигс не му оди во бизнисот: Изгуби 100.000 евра, работниците ги отпушил преку порака!

На легендарниот Гигс не му оди во бизнисот: Изгуби 100.000 евра, работниците ги отпушил преку порака!

Рајан Гигс (51), легендарниот играч на велшката репрезентација и Манчестер Јунајтед, се наоѓа во големи финансиски проблеми. Уште во 2014 година купи познат ресторан George’s Dining Room and Bar, но поради натрупани долгови од над половина милион евра замина во стечај. Тој изгуби над 100 илјади евра, но не е единствениот што е најпогоден од деловниот неуспех.

Многу вработени кои работеа во ресторанот добија откази без да им бидат исплатени платите, а Гигс им остана должен над 30 илјади евра. Кога донесе одлука да го затвори ресторанот кој акумулираше добивки, вработените добија само порака во која се објаснува дека тоа мора да го направи “поради намален обем на трговија и зголемени трошоци.” Изрази жалење и ги уверува дека наскоро ќе бидат исплатени.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Неколку работници решија јавно да ја изнесат својата приказна. Еден од помошните готвачи даде изјава за The Sun во која опишува: “Сето тоа беше сосема неочекувано. Сите требаше денес да работиме, а кога ги добивме пораките, бевме запрепастени.”

Manchester Evening News разговараше со портпаролот на ресторанот, кој објасни дека имаат голем проблем со поклон ваучерите кои ќе останат неискористени. “Во моментов сме во процес на враќање на сите неискористени купени ваучери. Поголемиот дел веќе е вратен, а во наредните денови ќе ги контактираме оние кои уште не се исплатени”, посочи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли главен кандидат за клупата на Рома

Тренерот на Ал-Наср, Стефано Пиоли, е главниот кандидат да го наследи Клаудио Раниери на п…