Дома Фудбал Анчелоти пред важна одлука – ќе прифати предизвик каков што немал досега во кариерата!?

Анчелоти пред важна одлука – ќе прифати предизвик каков што немал досега во кариерата!?

Фудбалската федерација на Бразил се подготвува за се или ништо и сака Карло Анчелоти на клупата за Светското првенство 2026 година!

Веќе беше најавено такво нешто, а сега стигна и потврда од најдоверливите бразилски и шпански медиуми, а последната информација гласи – Карло Анчелоти не ја исклучува можноста да го преземе Бразил!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Извори пишуваат дека во Бразил се подготвуваат за отказ на селекторот Доривал, кој сигурно нема да ја води репрезентацијата на Светското првенство. Анчелоти е планот А, се споменува дури и Фелипе Луис, кој блеска на почетокот на својата кариера на клупата на Фламенго.

Сепак, Бразилците го чекаат Анчелоти, кој сега не ја исклучува можноста за преговори, бидејќи е свесен дека ако не освои трофеј до крајот на сезоната, во Реал никој нема да му гарантира останување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нани: Фергусон никогаш не би дозволил недисциплина во денешниот Јунајтед

Поранешниот крилен играч на Манчестер Јунајтед, Нани, е убеден дека проблемите со дисципли…