Дома Фудбал Англија Се сеќавате ли како изгледаше Манчестер Сити пред да пристигне шеикот?

Се сеќавате ли како изгледаше Манчестер Сити пред да пристигне шеикот?

Новата ера во Манчестер Сити започна во 2008 година кога клубот го превзема шеикот Мансоур. Милијардерот од ОАЕ не губеше време и започна со создавање на тим кој ќе биде конкурентен за европскиот врв.

Првото лето „граѓаните“ потрошија 157 милиони евра на засилувања, наредното 10 помалку. Доведени беа играчи како Робињо, Тевез, Жо, Адебајор, Де Јонг, Забалета, Шонрајт-Филипс, Бриџ, Бери, Роке Санта Круз и многу други…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа се сеќавате ли како изгледаше Сити кога пристигнуваше Мансоур?

Тимот беше предводен од Свен Горан Ериксон, а завршија на деветото место во првенство. Во тимот се наоѓаа неколку интересни фудбалери, но сите го напуштија клубот.

Остана единствено Џо Харт, кој со години беше прв чувар на мрежата на Сити. Негова конкуренција тогаш беа Каспер Шмајхел и Андреас Исаксон.

Во дефанзивната линија тука беа Мика Ричардс, Хавиер Гардидо, Ричард Дан и Ведран Чорлука.

Диетмар Хаман и Гелсон Фернандез ја извршуваа улогата на последни играчи за врска, а пред нив играа Елано, Мартин Петров и Ситвен Ајланд.

Дариус Васел го преводеше нападот, а покрај него тука беа Емиле Мпенза и младиот Даниел Стриџ кој набрзо замина во Челзи.

city

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…