
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако ноќеска го победи 16. играч на АТП листата, Италијанецот Лоренцо Музети, со 6:2, 6:2 по два сета.
Петтиот тенисер во светот победи по еден час и 23 минути.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Во првиот гем на првиот сет Италијанецот му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер од третиот гем освои шест гема по ред, со три брејка, и стигна до предност.
Ѓоковиќ во вториот гем на вториот сет ја искористи втората брејк топка, а со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3:0. До седмиот гем играчите беа сигурни на својот сервис, кога Ѓоковиќ го искористи првиот меч поен на сервис на Музети.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против 25. тенисер на светот, Американецот Себастијан Корда.