Од редовите на Шкупи информираа дека дресот со бројот „77“ кој Андреј Лазаров го носеше во клубот ќе биде повлечен, но исто така и договорот во целост ќе биде исплатен на неговото семејство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лазаров беше една од жртвите во трагедијата во Кочани каде што го загуби животот додека помагаше на останатите присутни, а клубот од Чаир на овој начин сака да изрази посебна почит и балгодарност за неговиот придонес.
Претходно на ваков потег се одлучи и Тиквеш каде што во минатото настапуваше Лазаров кој го повлече дресот со број „16“.