Дома Останати Ракомет Големо засилување за Вардар: Пристигна полски репрезентативец!

Големо засилување за Вардар: Пристигна полски репрезентативец!

Од следната натпреварувачка сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативец Марек Марчинијак (29). Тој игра на позиција десен бек/десно крило и потпиша двегодишен договор со клубот, до 2027 година.

Марцинијак во моментов е член на Азоти Пулави, а претходно има настапувано и за екипите на Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин. Ова ќе биде негово прво интернационално искуство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Марцинијак настапи и на последното СП 2025, и на седум средби постигна 13 гола за Полска. Настапуваше и на последните две квалификациски средби за пласман на ЕП 2026 против Португалија, каде постигна шест гола.

Сезонава во дресот на Азоти Пулави настапи на 23 натпревари од полското првенство, и има 71 погодок од 118 обиди, со 60% на успешност.

Марцинијак ќе биде третиот Полјак што ќе го носи дресот на Вардар, по Патрик Валчак и Јан Чувара кои исто така претходните сезони беа дел од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометарите ги започнаа подготовките за ЕП, Кузмановски порача: Ова е најубавиот период во годината!

Македонската ракометна репрезентација денеска официјално ги стартуваше подготовките за нас…