Новак Ѓоковиќ доживеа непријатна ситуација во Мајами, но за среќа без посериозни последици.
Сѐ се случи на тренинг пред мечот со Ринки Хиџиката, во моментот кога Новак делеше автограми на навивачите.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во тој момент, еден од навивачите испушти поголема тениска топка која падна директно на глава на Новак.
Ѓоковиќ само ја помести главата, погледна кон навивачот кој ја испушти топката, а потоа се сврте и замина кон клупата.