Како што беше најавено, Французинот отпадна од списокот на патници за Лондон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид во среда му гостува на Тотенхем во дербито од четвртото коло од Лигата на Шампионите, а на теренот нема да го има Рафаел Варан. Тој во неделниот пораз против Жирона заработи повреда и не имаше можност да се опорави до натпреварот на „Вембли“.
Тоа значи дека во центарот на одбраната повторно ќе биде Начо, а дека на десниот бек ќе биде младиот Ашраф, бидејќи Дани Карвахал и понатаму е надвор од составот. Покрај тоа, на списокот од претходно не се повредените Кејлор Навас и Герет Бејл.
Натпреварот на „Вембли“ помеѓу Реал и Тотенхем на програмата е во среда во 20:45.